ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ОЈО не смее да молчи

Од:

Помина веќе една недела како ги покренавме прашањата за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е 100% сопственост на Венко Филипче, и е на иста адреса со фирмите на Заеви, за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, со компанијата „Зобек мининг груп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое е поклон, а го возеше и во предизборната кампања и е од фирмата која продавала три пати поскап јаглен на ЕСМ. Од Венко Филипче и СДС и понатаму молк. Дали Филипче и СДС немаат став или молкот е нивна стратегија со цел да се заборават скандалите тоа е нивна одлука.

Но молкот на Филипче и СДС е потврда на сите поставени прашања. Колку и тие да молчат силно одекнаа скандалите на фирмите и шемите кои ги креирале со кланот Заеви и испумпале милионски суми врз грбот на народот кој плаќал повисоки сметки за струја. Венко Филипче и СДС со години ја експлоатира државата и јавните интереси на граѓаните за свои лични цели и тесно партиски интереси.

Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви. За бизнисите во Македонија, Бугарија, соседството, Персискиот залив и Дубаи. Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ЈО не смее да молчи и да затвора очи при очигледните сомнежи за милионски криминал, граѓаните ја знаат вистината. ЈО да не молчи и да покрене постапка за сите изнесени сомнежи во јавноста, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски