ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС

Од:

Додека Македонија беше во здравствена и енергетска криза Венко Филипче како тогашен министер за здравство освен што имаше низа скандали како тие со набавката и провизиите за кинеските вакцини, Филипче си градел и луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра и си отворал фирми во Бугарија. Додека Филипче е спотер на Заев и му го чува претседателското столче во СДС главен фокус на Филипче му е бизнисот во Бугарија и фирмите кои се на иста адреса како и фирмите на кланот Заеви. Венко Филипче и ден денес е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост. Статусот на фирмата и ден денес е активен што се гледа и од електронските регистри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви. Фирмата на Филипче, Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност. Дали тоа што е претседател на СДС му овозможува полесна соработка со Бугарија и ширење на бизнисот? Филипче е должен на јавноста да одговори што точно работи фирмата и какви бизниси има во Македонија, Бугарија, Персискиот залив и Дубаи“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите