ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, неколку фирми блиски до него се богатеа

Од:

Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа

Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа.

Филипче имаше 7 години да поправи нешто во здравството, но ништо не направи.

Наместо проекти, Филипче тргна со милионски тендери. Немаше голем тендер во здравството кој не смрдеше на криминал од крвавите тендери на жути@јаху до провизиите за вакцини.

Наместо инвестиции во здравството Филипче на големо заговараше приватизација на здравството. Наместо државата да гради болници според логиката на Филипче тоа ќе требаше да го прават фирми за профит.

Филипче ја стави државата заложник на здравствената мафија. Здравството не функционираше за пациентите туку за тендерите. Филипче сега отиде за претседател на СДС со намера кога ќе треба да одговара да се вади на политички притисок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он