ВМРО-ДПМНЕ: Факт е дека бројот на невработени континуирано се намалува

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека бројот на невработени во Македонија континуирано се намалува и тоа е факт, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во писмената реакција наведуваат дека СДСМ се обидува да ја изманипулира јавноста со бројот на нови лица кои од неактивни баратели на работа, во изминатиот период преминале во активни баратели на работа.

– Оваа бројка, појаснуваат, на нови лица активни баратели на работа е резултат на новите мерки кои ги презема Владата на ВМРО-ДПМНЕ со кои се олеснува и зголемува поволноста за вработување на нови лица.

Според нив тоа значи дека позитивните мерки даваат резултат и колку и да се обидува СДСМ тоа да го оцрни, фактите го говорат спротивното. Потенцираат дека поради условите што се нудат за нови вработувања се овозможува се поголем број луѓе да побараат да станат активни баратели на работа во државата.

Ги наведуваат мерките кои досега се донесени и помогнале, како што стои во реакцијата, огромен број на граѓани да си ја осигураат својата егзистенција и потсетуваат дека од јуни до сега 12.577 луѓе се вработиле првпат.

– Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста, како резултат на директните странски инвестиции се досега вработиле 11.000 луѓе, а како резултат на најавените странски инвестиции или оние кои се градат во моментот ке се вработат нови 13.000. Од 2006 година кога невработеноста во Македонија изнесуваше 38 проценти денес, 2014 година таа падна на 28,2 отсто, истакнуваат во реакцијата.

Што се однесува до мерките за самовработување кој оваа Влада ги спроведува, од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека само кај мерката за вработување на млади луѓе од март до сега се вработиле над 5.000 млади луѓе.

– СДСМ го создаде проблемот со невработеноста. Тие во сите свои мандати досега не донесоа ниту едно вработување од странска инвестиција бидејќи немаа донесено ниту една странска инвестиција, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека пресот на Кирацовски не случајно доаѓа денес кога во Струмица има саем за вработување, каде активно на невработените им се дава можност да се вработат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ