ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата

Од:

„Европската Унија потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата. Република Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните.

Советот на министри на ЕУ порача дека не сакаат да бидат во исто друштво со земја која е предводена од два пати аболициран премиер кој е фатен жив како бара мито и кој си доделува земјиште на сопственото семејство.

Па Зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа дека:

1. Најпосакуван бизнис партнер преку ноќ стана неговиот брат.

2. Дека се прави рекет.

3. Зарем во Европа ќе одиме со тендери чии победници се знаат уште пред да се отворат.

4. Во Европа ли ќе одиме кога главниот земјоделски магнат станува семејството на премиерот преку плантажи на марихуана а не обичните земјоделци?

5. Зарем мислеше дека ќе ја прелаже Европа дека криминалот царува а корупцијата расте?
Со СДСМ на власт мафијата си доби сопствена држава, криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а државата доживува неуспеси на сите полиња.

Додека на Заев му течат бизнисите со марихуана, „Герас Цунев“, „Цареви кули“ и камионите им возат за РЕК, тој причината за неговиот неуспех да ја внесе Македонија во ЕУ ја бара кај сите освен кај себе. Дури и подготвен е да не искара со меѓународните партнери на Република Македонија само да не признае дека тој е причината поради која не добиваме датум преговори со ЕУ.

Со Зоран Заев и СДСМ државата само пропаѓа и уназадува. Тие не можат да донесат подобар стандард и европска иднина за Македонија. На граѓаните и Македонија потребни им се промени, обнова и напредок кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт на СДСМ ќе замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски