ВМРО-ДПМНЕ: Етикетирањата и навредите на Ковачевски кон медиумите се закана за слободата на говор и се обид за заплашување на оние кои го критикуваат

Од:

Колку поблиску доаѓаат изборите, толку Ковачевски станува понервозен и па дури и параноичен. До сега му сметаше ВМРО-ДПМНЕ, сега му сметаат медиумите, а како што тргнало ќе му сметаат и граѓаните. Изјавата на Ковачевски со која ги навредува и обвинува медиумите дека се продале, е во најмала рака безобразна. Тоа го докажува неговото недемократско лице и неговата омраза кон секој оној кој ја критикува работата на неговата влада. Но тоа не е се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во скандалозните изјави на Ковачевски има и заканувачки контекст кон медиумите и медиумските работници. Израз од типот “ќе квицкаат по подруми“ не може да се толкува освен како обид да им се прати закана на медиумите, а во исто време и да ја покаже потсвеста на тој кој ја изговорил. Искрено сме загрижени дека ова не е лапсус, туку сериозен говор на омраза од страна на Ковачевски упатен кон голем број медиуми, затоа што не му е прв пат. Пред една година истиот Ковачевски етикетираше национални телевизии и правеше несоодветни компарации изговорени од прес центарот на Влада. Да потсетиме тогаш Ковачевски велеше: “Во државата има медиум, чија што уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“.

Што е ова ако не закана, заплашување, етикетирање на медиуми и поделба на подобни и неподобни. Ковачевски кому устата му е полна со Европски вредности, всушност е полн со омраза, фрустрации и комплекси. Ова е обид да се заплашат медиумите и на тој начин да се угуши слободата на говор и критика. Му порачуваме ако не може да се носи со критиката на функцијата која ја извршува, нека си замине, наместо да сее закани и навреди кон медиумите. Ако не сака сам, тогаш граѓаните тоа ќе го направат на следните избори. Никогаш не било полошо како сега со власта на СДС и ДУИ. Затоа важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер