ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

Од:

За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци. Исклучок од ова не било ниту ЕСМ и претпријатијата дел од него. Едни од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ЕСМ Снабдување со топлина, а друго во кое буџетот се користел за испумпување пари на народот кои, најверојатно, завршувале во приватни џебови е ЕСМ Дистрибуција на топлина, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Раководството во оваа институција поставено од СДС и ДУИ, претпријатието го третирало како партиски плен, па затоа ќерката на Талат Џафери ЕСМ Снабдување со топлина била дел од Надзорниот одбор. Тоа е истиот оној Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и потоа неговата ќерка да биде изгласана за дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

И како што погоре споменавме, освен што си ги згрижувале своите најблиски на добро платени позиции, коалициските партнери СДС и ДУИ во ЕСМ Дистрибуција на топлина си местеле тендери по нивна мерка. Имено, истражните органи спроведоа истрага за време кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, а именувано од СДС, за сторен криминал во вредност околу 8 милиони евра. Си наместиле тендер од таа вредност, а 2 милиони евра ги испрале преку разни корупциски шеми, за истите веројатно да завршат во нечии џебови. Но она што повеќе загрижува од самиот криминал, е фактот што СДС како тогаш, така и сега молчи и не се оградува од овие криминални и корупциски шеми во ЕСМ Дистрибуција на топлина. Затоа легитимно се поставува прашањето, дали овие 2 милиони евра кои испариле, завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ и дали лица од тогашниот врв на овие партии имаат вмешано прсти во случајот? Македонската јавност заслужува и одговори и одговорност за ваквиот начин на раководење на државните институциите од страна на СДС и ДУИ. Потребно е Јавното обвинителство да ја води постапката одговорно, транспарентно и независно, за правда да има и одговорните да се казнат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски