ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат

Од:

Економијата се стабилизира, инфлацијата се намалува, платите растат, трошоците за живот се намалуваат и за прв пат после долги години Македонија има буџетски суфицит. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци раководење со државата, преку соодветни мерки го сопре слободниот пад на економија, кој што беше предизвикан и оставен од седум годишното владеење на СДС и македонската економија ја поставува на здрави нозе. ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова и здрава економска реалност и работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните, велат од партијата.

„И додека другарите Филипче и Заев се журкаат по скапи забави во Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на финансиска и економска стабилизација на Македонија.

СДС на власт ги осиромаши граѓаните и ја ограби Македонија. Да се грижеа барем малку за граѓаните, економијата и државата, СДС на власт немаше да се однесуваат со државните ресурси и македонскиот буџет како кон плен после поход и целосно да ги опљачкаат.

Македонската јавност многу добро знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и нивниот животен стандард, а уште помалку им е грижа за економијата која во нивно владеење ја уништија.

Седум годишното владеење на СДС и разбојничко управување со државни ресурси, претставува најголемата катастрофа во поновата историја која и се случила на Македонија“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?