ВМРО-ДПМНЕ: Една година СДСМ, една година лаги

Од:

„Една година СДСМ, една година лаги, расипништво и економска катастрофа. Република Македонија економски тоне, во услови кога цела Европа бележи раст, нивото на раст на БДП кај нас е 0%.

Повисоки пензии нема, а просечната плата во февруари во однос на јануари оваа година е помала за 900 денари. Градежништвото кое влече околу 20 придружни индустриски гранки е во пад. Бројот на издадени градежни дозволи во март оваа година е за 45% помал во истиот период лани.

Власта не работи за граѓаните, туку за бизнис картелот на чело со Зоран Заев. Даноците се зголемуваат , граѓаните осиромашуваат, а Заеви се богатат. Додека граѓаните живеат се полошо, Заеви го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ по цена од една гарсониера. Влегоа во милионскиот бизнис со марихуана и превезуваат руда за потребите на РЕК Битола. Тие го цедат државниот Буџет во нивните џебови, а граѓаните патат.

Картелот без причина ги запре сите инфраструктурни проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Нивото на реализирани капитални инвестиции во првите 4 месеци од 2018 година изнесува околу 11%. Нема 600 километри нов автопат, нема 550 километри нови магистрални патишта.

Криминалниот картел во врвот на власта ја зароби државата и ги злоупотребува институциите. Правда нема, правосудните органи работата по дикатат, а не по закон. Заев ги соопштува пресудите пред тие да бидат донесени, а судовите само ги читаат политичките казни.

Државата е киднапирана од картелот на власт и неможе да тргне ни милиметар кон ЕУ додека институциите се политизирани, судството е под контрола на власта, а корупцијата не е санкционирана, туку субвенционирана со непостапување на органите на прогонот.

Република Македонија се движи со непосакуван правец. Криминалот, корупцијата, неработата, неодговорноста и неспособноста не смеат да бидат одлика на државата. Република Македонија заслужува подобро.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните на голем сенароден протест на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме НЕ на оваа недемократска и ненародна власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он