ВМРО-ДПМНЕ: Единствено нешто што блеска во Македонија се криминалот и корупцијата, мафијашките картели и непотизмот

Од:

СДСМ и владата можат да продолжат да негираат, да лажат, но и да оддржуваат сесии за фалење, но фактите од Извештајот на Европската комисија се повеќе од јасни, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Власта не направи ништо конкретно за борбата против корупцијата во Република Македонија, напротив продолжува да ја стимулира со сомнителните тендери, грантовите кои се делат на лица блиски до власта, јавните набавки кои ги добиваат фирмите блиски до функционерите на СДСМ.

Единствено нешто што блеска во Македонија се криминалот и корупцијата, мафијашките картели и непотизмот. Одредени членки на Европската унија со право се сомневаат во доделување на членство, затоа што власта е далеку од оние европски вредности кои треба да ги испорача.

СДСМ треба да си го смени розевиот диоптер и да погледне како живеат граѓаните во оваа земја. Јакнењето на демократијата не е дисфункционалност на институциите, владеењето на правото и реформи во судството не се нарачаните
судски одлуки и политичкиот прогон. Единствените резултати од неработењето на власта се зголемувањето на
организираниот криминал и корупцијата, а нивната несериозна кадрова политика на конто на џебот на граѓаните не создава европски вредности, туку од истите ја одалечува Македонија.“. е наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела