А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствена надеж за граѓаните дека ќе дишат чист воздух е да дува ветер

by А1он06/12/2018 - 12:1670
Share0

„Единствена надеж за граѓаните дека ќе дишат чист воздух е да дува ветер или да чекаат да заврне. СДСМ се покажа како апсолутно неспособна да го реши проблемот со аерозагадувањето.

Добивај вести на вибер

Власта наместо да создава паркови и зеленило како што ветуваше, создава диви депонии буквално на секој чекор. И додека Шилегов си игра игрички, Скопје наместо метропола, станува една голема депонија. Нема ден да не помине а Скопје да не е во 10 најзагадени градови во Светот, во друштво на градови од Индија и Пакистан.

Ветуваа итни мерки, лажеа дека имаат план со кој веднаш ќе го решат проблемот, а сведоци сме дека речиси години ништо направија.

Не само што ништо што не прават за да се намали загадувањето, туку со буџетот покажаа дека тоа не им е во план. За решавање на загадениот воздух одвојуваат помалку средства отколку за набавка на лубриканти и луксузни фотелји.

Единствена мерка која ја спроведоа беше гасењето на мерните станици во местата каде загадувањето е највисоко, за потоа да се фалат дека истите не покажувале загадување. Тоа е класично потценување и непочитување на граѓаните на Република Македонија и нивното здравје.

Додека власта се расфрла со лаги, Светската здравствена организација објави дека илјадници граѓани умираат како директна последица на загадениот воздух.

СДСМ покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните и за нивните животи. Граѓаните станаа жртви на лагите и неспособноста на Зоран Заев и СДСМ кои наместо живот донесоа црнила. Затоа мора е СДСМ веднаш да си замине“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен