ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС, сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побара истрага

Од:

Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат.

СДС се дволична партија и секојдневно докажуваат дека сакаат селективна правда. Тие секогаш се навикнати за едни да бидат мајка, а за други маќеа.

СДС сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите.

СДС продолжува да молчи и со тоа да го брани Јон Фрчковски, кој видовме од фотографии на социјалните мрежи, како шмрка кокаин на маса.

Дали СДС и Венко Филипче со своето молчење го оправдува однесувањето на Јон Фрчковски и дали СДС и Венко сметаат дека Јон треба да одговара?

Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место.

Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС?

Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ?

СДС и Венко Филипче веќе неколку денови молчат по ова прашање. Ниту побараа одговорност, ниту го осудија шмркањето на Јон Фрчковски.

Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цела јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски ги поддржува насилниците

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ