ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат дали и како ќе преживеат после заминувањето од 20-годишната власт

Од:

„ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ДУИ.

„ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат.

ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела