ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС со поставување на келнер за директор, намерно го докрајчуваат МЖ Транспорт АД

Од:

„Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници. На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања.

Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.

Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела