ВМРО-ДПМНЕ: Државните удари на Црвенковски нема да поминат

Од:

„Ако досега некој имаше сомнеж дека СДСМ планира државен удар, сега веќе сите се уверија. Зоран Заев сам потврди дека СДСМ има намера да пука. СДСМ е спремен да излезе на улица, но не да протестира, туку за да пука“, стои во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Ана Павловска Данева.

Од ВМРО – ДПМНЕ прашуваат дали е ова демократскиот план на граѓански отпор на СДСМ и Бранко Црвенковски.

„СДСМ до сега вршеше насилство, се тапаа со пратеници, се кршеше инвертар, се правеа провокации и имаше обиди за рушење на легитимно избрана власт, а сега и јасно покажуваат дека имаат крваво сценарио. Бранко Црвенковски, Зоран заев и СДСМ кажаа дека ќе применат секакви мерки, но ова нивно лудило, очигледно нема граници. Тие наместо за демократија, се подготвени да пукаат врз својот народ“, се подвлекува во реакцијата.

Државниот удар на Црвенковски, нагласуваат од ВМРО – ДПМНЕ, ниту во понеделникот, ниту во иднина нема да поминат, затоа што граѓаните и институциите тоа нема да го дозволат.

„Народот покажаа зрелост но и одлучност да спротивстават на политичките сили, кои ја влечат назад државата. Нема да дозволиме иднината на народот и на државата да бидат заложници на кариерата на Бранко Црвенковски и другите функционери на СДСМ“, се вели во реакцијата во ВМРО – ДПМНЕ.

ВМРО – ДПМНЕ, за разлика од СДСМ, е одговорна партија и нема да дозволи правниот поредок, владеењето на правото, но и животот и стандардот на граѓаните никој, па ни СДСМ и Црвенковски, да ги загрозат.

Му порачаа на Црвенковски да и се извини на Македонија и да замине од политиката.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски