ВМРО-ДПМНЕ: Државните и националните интереси ни се пред се

Од:

„На 11 декември победија граѓаните на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Победи концептот на унитарна и мултикултурна Македонија. Време е СДСМ да се помири со поразот и да прекине со погубното сценарио за урнисување на нашата држава.

Граѓаните на 11 декември не гласаа за официјализирање на албански јазик, двојазични банкноти, кантонизација или федерализација.

Време е да сопре очајничкото однесување на Зоран Заев и СДСМ, кое оди против волјата на граѓаните. Целата јавност гледа дека Зоран Заев е подготвен да ја свитка кичмата за личниот интерес и болната желба за власт.

СДСМ не го прави ова прв пат. Во 2004 година го донесоа Законот за територијална поделба за да се дограбат до функцијата Претседател, а граѓаните на Република Македонија, особено на Струга и Кичево и ден денес ги трпат последиците. И тогаш како и сега преку бројните платеници се обидуваа да го изманипулираат народот. Истото ни се случува и денес.

Зоран Заев и СДСМ и денеска се подготвени за власт да ја прифатат и реализираат Платформата смислена во Тирана. Нека размислат и нека се откажат од антидржавното сценарио додека не е предоцна. Веднаш ќе ја добијат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада, но условот за нашата поддршка е да се откажат од редефинирањето на државата, двојазичноста, кантонизацијата и федерализацијата, како и бинационалниот концепт на Република Македонија.

Државните и националните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија секогаш ни се пред се и над се. Така е и овој пат. Подготвени сме да го поддржиме Заев во формирање Влада, ако и само ако се откаже од урнисувањето на државата и виткање на кичмата, спасувајќи ја државата од непринципиелните пазарења“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела