А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Државните хартии од вредност ги воведе СДСМ во 2004 година

by А1он13/01/2016 - 16:16103
Share0

Кире Наумов и СДСМ уште еднаш добија нов и пожесток шамар од банките на кои се обидоа да им се мешаат во деловната политика. Се надеваме дека овој пат тие ќе ја научат лекцијата дека никаде во свет политичарите не смеат да се мешаат во деловните одлуки на банките и на фирмите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на Кире Наумов.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Државните хартии од вредност се инструмент за финансирање на буџетот кој го користат сите економии во светот. Аукциите се предвидени со буџетот, гласани во Собрание и се користат за финансирање на сите расходи на буџетот – за исплата на обврските за проекти, за поврат на ДДВ итн, стои во соопштението.

Воедно, се наведува, дека државните хартии од вредност ги воведе самата СДСМ во 2004 година и оти Наумов и СДСМ уште еднаш се обиделе да ги оспорат одлуките кои самите ги донеле во нивно време, во обид по секоја цена да и’ наштетат на македонската економија.
– Постои еден неспорен факт – и тоа не го кажуваме ние туку европската статистика ЕУРОСТАТ дека Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа е затоа што оваа Влада води одговорни економски политики и дури до ден денес ги сервисира и долговите кои СДСМ ги остави. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има 33,3 отсто рејтинг, а СДСМ има мизерни 14,7 отсто. Затоа СДСМ губи девет пати по ред на избори. Затоа СДСМ не ја добива довербата од народот. Бидејќи народот гледа и народот памети, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео