ВМРО-ДПМНЕ: Државниот удар на Црвенковски не помина затоа што победи разумот

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека денеска победил разумот и бил спречен обид за државен удар од претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски кој заедно со пратениците од СДСМ ја суспендирале демократијата во државата.

– Разумот го заменија со насилство, провокации и рушење на легитимно избрана власт, зад која стојат граѓаните кој го дале својот глас на легални избори. Тие насилно сакаат да соборат и да ја освојат власта, носејќи луѓе од внатрешноста, мобилизирајќи поддржувачи кои дел од нив дури се со дебело криминално досие, соопшти попладнево ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на СДСМ, оценува владејачката партија, биле главните спроведувачи на сценариото на Црвенковски. – Најпрвин физички го нападнаа претседателот на Собранието Трајко Велјановски само затоа што ја отвори седницата на Собранието. Пратениците на СДСМ физички и вербално напаѓаа свои колеги пратеници. Физички се пресметуваа и со собраниското обезбедување и го кршеа народниот имот, лажно паѓајќи во несвест, глумејќи исто како во случајот со А1. Пред Собранието поддржувачите на Црвенковски ги нападнаа органите на редот и мирот, кои имаат обврска да обезбедат ред и сигурност. Тие тргнаа да се пресметуваат со граѓаните кои спонтано се собраа да го изразат своето незадоволство. Потсетуваме, и колегите пратеници, и луѓето од собраниското обезбедување и полицајците, и граѓаните кои се незадоволни од Црвенковски се обични граѓани, луѓе на оваа држава, нечии родители, деца кои имаат одговорност и свест, се вели во соопштението.

Државниот удар на Црвенковски, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, не помина и нема да помине, затоа што победи разумот. Затоа што институциите покажаа ефикасност, а народот победи, покажа зрелост но и одлучност да се каже не на политичките сили, кои цели дваесет години ја влечат назад државата.

– Ова е последниот обид за спас на личната кариера на Црвенковски и на малата група на политичари околу него, кои се борат за моќ и лична корист. Ова е очаен обид на потрошен политичар кому и на изразот на лицето му се гледа дека не е при здрава свест, Собранието не е на СДСМ, не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа му припаѓа на народот. Нападот на Собранието е напад врз граѓаните. Граѓаните не заслужуваат таков третман. Сите заедно ја имаме одговорноста за градењето на нашата иднина. Ние ќе останеме на страната на народот, зад правниот поредок, законите и институциите. Ние ќе останеме на вистинската страна, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски