ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Од:

СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго. Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните место да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Креаторот на проблемите, СДС не може да биде решение. За седум години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија. Седум години институциите на СДС му служеле за испумпување пари и богатење на поединци. Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останува на власт, па така го следеле, прислушкувале и документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, партиски функционери и членови, како и новинари и бизнисмени. Сега СДС, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проекти и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт државата оди напред, а граѓаните живеат подобро“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер