А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос, потребни се оставки и тоа веднаш

by А1он19/05/2019 - 09:14216
Share0

Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија. Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.

Добивај вести на вибер

“Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка. Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема.
Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки.

Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка.

Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери.

Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески.

Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата jа задолжија за над половина милијарда евра за две години.

Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.

Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине.”, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

sdsmvmro

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто