ВМРО-ДПМНЕ: Државата е киднапирана од картелот на власт

Од:

„СДСМ владее со политички терор и притисоци. Државата е киднапирана од картелот на власт, а граѓаните се повеќе осиромашуваат, им се зголемуваат даноците и се менува името и идентитетот на државата.

Недемократската и немакедонска власт предводена од Зоран Заев го користи политичкиот прогон против Никола Груевски за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Ударот врз опозицијата има една цел – да се дефокусираат граѓаните од мачната живеачка и се полошите политики кои ја водат државата во пропаст.

Правната држава не функционира. Откако СДСМ е на власт до сега има евидентирано вкупно 9 нерасчистени убиства, бројот на грабежи е зголемен, а сведоци сме на секојдневни престрелки во центарот на Скопје и запалени автомобили на фреквентни локации, но никој не одговара. Сторителите како и секогаш не и се познати на полицијата водена од Спасовски.

Година ипол правосудните органи немаат поведено ниту една постапка за корупција и криминал против претставници на власта.

Владеењето на правото е нарушено целосно, а демократијата е стран поим во Република Македонија под водство на СДСМ.

Додека се случува национална катастрофа во режија на СДСМ, граѓаните се тие кои го плаќаат цехот. Токму затоа СДСМ мора час поскоро да си замине од власт, а одговорност мора да има за секој кој го прекршил законот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски