ВМРО-ДПМНЕ: Држава во која премиерот е два пати аболициран за СДСМ е држава по европски стандард

Од:

„Зоран Заев и СДСМ тргнаа во кампања за референдум за капитулантскиот договор, а се срамат да спомнат збор за заштита на Уставот, историјата, традицијата. Нема подобар доказ од тоа дека Заев се согласи да ги прифати грчките црвени линии со кои се брише името Република Македонија и се брише македонскиот идентитет.

Заев молчи околу тоа како ќе се вика државата доколку му помине референдумот, дали ќе има македонско малцинство во Грција и македонски топоними.

Заев и СДСМ бесрамно ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, со кој се откажуваат од се што е македонско.

Картелот на власт се обидува да ги изманипулира граѓаните дека нивното криминално и расипничко работење е работа по европски стандарди.

За да ја оправдаат слабата поддршка која ја добиваат во обидот да го сменат името, Уставот, идентитетот, нацијата, културата и историјата, СДСМ почна и да ги потценува граѓаните и да ги дели на проевропски и антиевропски.

Штетниот и срамен договор со Грција, СДСМ го претставува како европска вредност. За СДСМ откажувањето од државните и националните интереси на Република Македонија е европска вредност и кој е против ова откажување го оцрнуваат како непријател на западната ориентација на државата.

СДСМ има изместени критериуми што е европска вредност.

Држава во која Вицепремиерот ненаситно секојдневно си доделува државни тендери во неговите фирми за СДСМ е европски стандард.

Злоупотреба на државните ресурси од страна на власта за политички цели и настани кои граѓаните не даваат поддршка за СДСМ е европски стандард.

Почеток на учебна година во која илјадници ученици во државата ќе ја почнат без учебници за СДСМ е европска вредност.

Доделување на крвави тендери и грантови на роднини на функционерите на Владата и партијата на власт, за СДСМ е европска вредност.

Држава во која премиерот е два пати аболициран и целата јавност го виде како бара мито, за СДСМ е држава по европски стандард.

Несогласувањето со ваквото криминално и расипничко работење СДСМ го поистоветува како противење на влезот во ЕУ и НАТО.

Македонските граѓаните не се против и НАТО, тие ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија, но не ги поддржуваат криминалите на СДСМ и Заев и распродажбата на државните и национални интереси.

Македонија навистина ќе тргне кон ЕУ и НАТО кога картелот предводен од Зоран Заев и СДСМ ќе си замине од власт и само така ќе може да се достигнат европските вредности кон кои се стремиме децении наназад.

Токму затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат денес на протестниот марш во Кичево со почеток во 13 часот.

Заеднички и сложно да порачаме доста е со криминалите на СДСМ, доста е со поделби и доста е со распродажбата на државните и национални интереси.

Граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници