ВМРО-ДПМНЕ: Дозволува пратеници да шират корона, вакцини доволно никако да набави, Филипче мора да одговара

Од:

„Масовната вакцинација на населението во Македонија е само во изјавите и главата на Венко Филипче.

За каква масовна имунизација зборува Филипче кога вчера пристигнаа 10 илјади дози вакцини, а пријавени се повеќе од 160 илјади граѓани за вакцинација? Но, пиар-от и сликањето со вакцините не изостана. За Филипче е важен пиар-от, а не колку вакцини има“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„И не само што не набавува доволна количина на вакцини, Филипче дозволува да се кршат протоколите за лицата заразени од корона.

Па така граѓаните ги затвора дома, ама кога станува збор за избрани функционери во конкретниов случај пратениците им дозволува да се шетаат и да го сеат вирусот.

И не само тоа! Филипче не ни изреагира, да каже барем дека се прекршени протоколите, па тоа се протоколи од надлежните власти со кои тој менаџира!

Ова покажува само едно дека личните и партиските интереси се над се! За ова Филипче ќе одговара!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ