ВМРО-ДПМНЕ: Довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски е огромна

Од:

Економијата, борбата против организираниот криминал и корупција, реформа во правосудството, враќање на достоинството на народот, беа едни од главните заложби на ВМРО-ДПМНЕ, за време на изборната кампања. Граѓаните видоа сериозност и посветеност во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во огромен број ја дадоа поддршката за да ја преземе одговорноста да ја води државата. И покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која ја наследи, за само неколку месеци власт, ВМРО-ДПМНЕ покажа конкретни резултати и ги исполнува очекувањата на граѓаните, велат од партијата.

„По запирањето на слободниот пад на економијата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи и ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите граѓани.

Сите овие резултати се признаени и од граѓаните. Тие веруваат во искрената заложба ан владата за борбата против криминалот и корупцијата и сметаат дека таа е интензивна и постојана, за што сведочат полициските акции изминатиот период за разбивање на разни форми на организиран криминал и корупција.

Последното истражување на јавното мислење спроведено телефонски од агенцијата Маркет вижн, на примерок од 1.200 испитаници покажа дека повеќе од 60 отсто од анкетираните сметаат дека борбата е интензивна и континуирана. Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани.

Граѓаните, исто така, ги поддржуваат и економските мерки преземени од Владата за намалување на цените и зачувување на животниот стандард. Дури две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите.

И сето ова резултира со висок степен на доверба на граѓаните. За разлика од порано, граѓаните сега имаат партнер во владата која ги слуша нивните потреби и работи на решавање на нивните проблеми. Затоа и довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е огромна.

Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски имаат убедливо водство и огромна доверба од граѓаните. На претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, наспроти Венко Филипче на кого му веруваат само 3,8%. На следните избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале високи 51,7% од испитаниците, што претставува водство 5:1 спрема СДС. Друг показател дека работењето на Владата и нејзините преземени мерки, активности и политики се во интерес на граѓаните и државата, е високиот процент на граѓани кои би излегле да гласаат на избори. Доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците

Мицкоски: Мојата Влада останува длабоко посветена на конзервативните вредности

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче се гордее со Зоран Заев и учи од него

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи со дозвола од СДС водел задкулисни преговори за етнички прашања

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи

Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Предраг Петровиќ