ВМРО-ДПМНЕ: Доколку навистина Договорот со Грција беше добар, Заев ќе го ставеше на референдум без дополнителни прашања

Од:

Доколку договорот со Грција беше навистина добар и го гарантираше македонскиот идентитет, Зоран Заев немаше да се двоуми и ќе го ставеше истиот на референдум без дополнителни прашања кои може да ги доведат во заблуда граѓаните. Доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Според нив договорот е штетен и со него се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура.

„Затоа Заев измислува трикови како да го измами народот за ги оправда антидржавните политики со кои ја покрива неспособноста и расипништвото. Зоран Заев и владеачкото мнозинство не бираат средства за да го реализираат штетниот и капитулантски договор. Тие сега го уценуваат сопствениот народ и манипулираат со јавноста со двосмислени и тросмислени прашања сакајќи да прикажат дека оној кој што е против штетниот и капитулантски договор е против евроатланската интеграција на Република Македонија. Граѓаните ги поддржуваат европските и западни вредности, но не ги прифаќаат штетните и погрешни политики и договори од криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Вистинските европски вредности и принципи се реалните реформи и работата која треба оваа неспособна власт да ја направи на тој пат. Тоа впрочем и беше сугерирано од страна на ЕУ во извештаите кои ги презентираше за нашата земја, во кои се нотира неработењето и немањето на капацитет на владата на Заев да направи суштински промени во низа општетсвени области“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пишува во партиското соопштение, Заев се обидува да погази Устав, закони, политички принципи за да дојде до својата цел, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е да го згази во целост достоинството на Македонија и македонските граѓани.

„Последен доказ за тоа е срамниот обид да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата. Тоа само говори за апсолутистичкото лице на Заев кој со години вешто и лицемерно го криеше од граѓаните. Никој не може да го заобиколува демократскиот принцип базиран на правниот поредок на една земја, но и принципите кои се изградени низ годините. Оттука ВМРО-ДПМНЕ принципиелно стои на ставот дека условите кои еднаш важеле за избори треба да важат и сега. Почитување на пржинскиот концепт на техничка влада пред избори е единствен начин како граѓаните ќе можат непречено да ја искажат својата волја. ВМРО-ДПМНЕ бара почитување на концептот за финансирање на политичките партии кој веќе беше договорен. Картелот на власт не може и не смее да биде пречка за демократијата во Македонија и јасното изразување на волјата на граѓаните. Секој нивен ваков апсолутистички потег само ќе го забрза нивното паѓање од власт и враќање на демократијата во земјата каде што интересот и волјата на граѓаните ќе бидат врвен приоритет. Македонија ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски