ВМРО-ДПМНЕ: Дојде време Црвенковски да се соочи со одговорноста

Од:

Како и изминативе две недели и денеска партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ го повикува Бранко Црвенковски да одговори за „шверцот на нафта“.

„Заедничко за Љубомир Магаш, кримининалец и директен учесник во шверцот на нафта, коалициските партнери на Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Стојан Андов е тоа што се согласни дека за време на владеењето на Црвенковски и СДСМ во деведесетите се шверцувало нафта“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ако Магаш за Црвенковски е обичен криминалец, тогаш Андов и Георгиевски биле негови коалициски партнери.

„Стојан Андов во своја анализа признава дека во време на Црвенковски се шверцувала нафта и дека странскиот фактор на неколкупати остро регирал и се заканувал со санкции спрема државата поради толеранцијата на таквиот криминал. Црвенковски не превземал ништо за негово спречување поради тоа што тој до гуша бил вплеткан во криминал и како што ќе каже Магаш, токму Црвенковски одобрувал и профитирал од тој шверц на нафта.

Не е нормално во една демократија човек кој себе си се смета за лидер на опозицијата да бега од одговори за една ваква важна тема. Не е коректно Црвенковски да го потценува народот и да го смета за небитен игнорирајќи еден ваков скандал. Тоа што молчи Бранко Црвенковски не значи дека се амнестира од одговорноста за криминалот правен во деведесетите. Дојде време Бранко Црвенковски конечно да се соочи со одговорноста за упропастувањето на државата, огромниот криминал и затворањето на фабриките и илјадниците уништени судбини.

Ние и понатаму ќе инсистираме на одговори од Бранко Црвенковски: каде, кој се и колку заработувал од шверцот на нафта, на кој тајни банкарски сметки завршиле парите кои се крадеа во времето кога народот осиромашуваше, а фабриките се затвораа?

Дека постоело шверц на нафта има признание од директен учесник во тој криминал, има признание и од коалициските партнери на Црвенковски, што ли уште треба да се случи за да Црвенковски собере храброст и директно одговори за шверцот на нафта“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ