ВМРО-ДПМНЕ: Дојавите за бомби може се хибриден напад, ама неспособноста да се справат со тоа е типична за Спасовски и Ковачевски

Од:

„Дојавите за бомби можеби се хибриден напад, но неспособноста на Ковачевски и Спасовски е очигледна и типична за СДС. После три месеци дојави за бомби во училишта, институции, станбени објекти, трговски центри, а сега и аеродром, хотели и спортски објекти, дури сега им текна да побараат меѓународна помош од нашите партнери. Зошто Спасовски и Ковачевски чекаа толку долго? Зошто навреме не ги искористија сите домашни и меѓународни капацитети да се справат со ваквата безбедносна закана која шири тензии и страв кај граѓаните?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособноста на Оливер Спасовски станува безбедносен проблем за Македонија. Тој е веќе осма година на позицијата министер за внатрешни работи. Резултатот на тоа е опаѓање на професионалноста и авторитетот на полицијата. Поради вработување на партиските кадри и лица со досие, полицијата се доведе во состојба да не може да одговори на заканите по редот и мирот во Македонија.

Затоа е неопходно Спасовски да си поднесе оставка, а владата предводена од Ковачевски час поскоро да ја признае својата неспособност и да побара помош од домашни и странски експерти да се влезе во траг и да се санкционираат ваквите дојавувачи на бомби“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела