ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за „Јужен тек“ е успех за Македонија

Од:

Договорот кој го потпиша Република Македонија е стандарден договор и истиот го потпишаа сите земји кои влегоа во проектот „Јужен тек“. Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно, стои во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Нечесно е, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, да се каже дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја одлага гасификацијата, бидејќи само благодарение на заложбите на оваа Влада, Македонија се најде во проектот „Јужен тек“.

– Во секој случај овој успех на Македонија не е благодарение на СДСМ. СДСМ беше на власт кога сите останати земји влегуваа во планот за гасоводот, а токму тие не покажа никаков интерес. Да не беше нивната летаргија и да покажаа барем малку иницијатива Македонија тогаш можеше да стане и транзитна земја и ќе наплатувавме за транзитот на гас. Нечесниот однос на СДСМ се огледа и во константното изнесување на невистини и полувистини во јавноста, се вели во реакцијата.

Во однос на членот 5 од Договорот, како што се наведува, јасно стои дека Регулаторната комисија нема да одлучува за цената по која Македонија ќе го купува гасот од „Гаспром“, што е многу логично затоа што македонската регулаторна комисија нема ингеренции да го регулира меѓународниот пазар на гас. Регулаторната комисија може да одлучува за цената на гасот во земја и тоа таа и ќе го прави.

Сепак јасна е огорченоста на СДСМ од успехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со потпишувањето на овој договор со кој ќе се обезбеди енергетска стабилност во следните 50 години. Уште повеќе овој договор е значаен бидејќи со него се искористи една пропуштена шанса од СДСМ. Сега ги прашуваме СДСМ зарем не се чуствувааат виновни за одлагањето на процесот на гасификација на Република Македонија? Би требало, затоа што имавте шанса да направите многу, а со прст не мрднавте, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела