ВМРО-ДПМНЕ: Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си градеше хациенда во Маврово и креваше два спрата дивоградби на зградата во Карпош

Од:

„Петре Шилегов ќе остане запаметен по стотината ветени, а нереализирани проекти. Тој знае дека ништо не направил и давал само лажни ветувања како Зип лајнот од Кале до Градски парк, тунелот под Кале, продолжувањето на Булевар Илинден и редица други проекти“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Градска организација на СДСМ.

„Шилегов е воочливо нервозен затоа што нема ништо направено, а нема ниту понуда што би направил, тој копира од ВМРО-ДПМНЕ.

Брзиот кружен тек кој го најавува кај Момин поток е проект на Коце, исто како и подземната сообраќајница кај Јужен булевар, која ја гради Лимак, инвестиција донесена од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник што Скопје го имало. Но и по тоа што од функција си го зголеми имотот за половина милион евра.

Додека скопјани чекаа нови проекти, Шилегов си ја градеше хациендата во Маврово и креваше два спрата дивоградби на зградата во Карпош.

Скопјани очекуваа проекти, а 4 години градот стагнира. Скопје мора да биде посредено, Скопје заслужува да оди напред“, се вели во реакцијата на соопштението од Градска организација на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска