• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека карциномот тивко ги убива граѓаните, Шилегов и СДСМ не преземаат никакви мерки за загадувањето

by А1он23/11/2018 - 09:3185
Share0

„Зоран Заев и Садула Дураку им порачаа на македонските граѓани дека ќе продолжат да се трујат од загадениот воздух бидејќи Македонија не била Швајцарија. Понижувачко оправдување на неспособна и криминогена власт.

Добивај вести на вибер

Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи во Швајцарија не се делат милиони на лубриканти додека 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија и имаат проблем да си купат леб.

Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи претседателот на владата таму не барал по едно евро од квадрат за црквата и евро за неговиот брат.

Знаат граѓаните дека Македонија не е Швајцарија бидејќи таму нема криминални тендери, нема субвенции за иновации за снаи на советнички, ниту концесии со марихуана за премиерот.

Швајцарија не го продава името, како што вицепремиер во Македонија си ја продава фирмата на грчкото електростопанство.

СДСМ и Зоран Заев се скоро две години на власт во Република Македонија. Во овие две години власт Зоран Заев мисли само на партиски вработувања, криминални тендери, купувања на фирми и гоштевање на неговите министри и ниту еден проект за доброто на граѓаните.

На Шилегов полна му беше устата со ветувања за почисто Скопје, а една година со прст не мрдна да преземе соодветни мерки против загадувањето на Скопје.

Како последица на рекордното загадување во Скопје и во другите градови во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.

Додека карциномот тивко ги убива граѓаните, Шилегов и СДСМ немаат никаков план и не преземаат никакви мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат граѓаните секојдневно да се гушат.

Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама, се губат човечки животи а владата не превзема ништо.

Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Зоран Заев, Садула Дураку и Петре Шилегов или да ги засукаат ракавите или да си заминат и целосно да се посветат на криминал, а да остават некој сериозно да преземе мерки за подобрување на животот на граѓаните.

СДСМ директно е виновен затоа што секој ден се губат човечки животи поради енормното загадување“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 15:15

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он17/01/2026 - 14:1517/01/2026 - 15:18

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он17/01/2026 - 11:5717/01/2026 - 11:58

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:54

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:16

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен