ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати

Од:

„Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништија економијата. Република Македонија тоне со СДСМ на власт. Нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт.

500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија. Власта наместо да создава можности за развој, дополнително ја урнисува државата.

И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати. Над половина милијарда евра изнесува новиот долг кој го направи оваа власт.

Долгот порасна и ја надмина психолошката граница од 50%, а граѓаните не знаат на што се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, со камати треба да бидат вратени за пет или десет години, а капитални инвестиции нема, нема нови патишта, нема инфраструктурни објекти.

Нивото на реализација на капитални инвестиции е само 6% за првите три месеци од годината. Според досегашниот тек, оваа година ќе биде уште полоша и од претходната. Со СДСМ државата само заглавува. Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев, за да продолжи негативниот тренд во економијата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела