ВМРО-ДПМНЕ до Спасовски: Зошто „Гисеке и Девриент“ испечатила македонски возачки дозволи со ист сериски број?

Од:

„ВМРО ДПМНЕ го повикува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да и соопшти на домашната и меѓународната јавност зошто германската компанија „Гисеке и Девриент“ испечатила македонски возачки дозволи со ист сериски број?

Технички назначениот министер Спасовски, согласно истрагат која кажа дека ја иницирал, напомена дека е можно да се работи за сериозен меѓународен криминал. Оттаму и домашната и меѓународната јавност очекуваат истиот да биде поконкретен во сериозните обвинувања и да објасни по чија наредба германската компанија „Гисеке и Девриент“ се вклучила во транснационалниот криминал.

Господинот Оливер Спасовски треба да одговори дали побарал помош преку Интерпол за спроведување на меѓународна истрага против германската компанија и расчистување на нивните мотиви за криминал со обрасците за македонските возачки дозволи.

Доколку Оливер Спасовски не ги одговори овие прашања, само ќе ги потврди претпоставките дека тој не е технички назначен министер туку дел од Фабриката за афери на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ бара Оливер Спасовски еднаш да биде конкретен и да каже за каков криминал ја товари германската компанија излегувајќи со конкретни докази против одговорните во компанијата. Во спротивно, Спасовски исто како и неговиот лидер Зоран Заев, со своите ниски манипулации ќе и нанесат уште еден срам на Република Македонија во односот со нејзините меѓународни партнери.

Германската компанија „Гисеке и Девриент“ е меѓу светските лидери во областа со која се занимава со 160 години традиција. Оливер Спасовски има легитимно право да се сомнева дека компанијата која изработува лични документи и пари во десетици земји од светот, ја ризикува сопствената репутација и се нафатила со криминал со македонските возачки дозволи.

Сепак, Оливер Спасовски има обврска да излезе со докази против германската компанија и да каже каде, кому и зошто би се продавале бланко обрасци за македонски возачки дозволи во странство и колкав е профитот на германската компанија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард