ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Внимавајте да не добиете тужба како Тито Петковски!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение со закани до СДСМ, да внимаваат со изјавите, за да не добијат тужба како Тито Петковски.

„Наместо да одговорат на коректните и јасни прашања, што ВМРО-ДПМНЕ ги постави до Радмила Шекеринска, СДСМ одлучи да ја манипулира јавноста со груби лаги. За исто вакво тврдење господинот Тито Петковски доби тужба и ќе мора пред суд да ја докажува својата лага“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ, во кое се вели дека во 2008 година премиерот Никола Груевски се согласил да се смени уставното име на државата.

„Грубите измислици и лаги како напад врз ВМРО-ДПМНЕ, не се одговор на прашањето што ние и го поставивме на Радмила Шекеринска, а тоа е: каков е тој компромис, кој Грција би го прифатила, а нема да ги загрози националните и државни интереси на Република Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?