ВМРО-ДПМНЕ до Костадинов: Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал 1ТВ и дали знаел за рекетот со старечки домови?

Од:

Како реакција на денешната изјава на Костадин Костадинов, партијата ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во јавноста.

„Кога веќе Костадинов отиде во обвинителство покрај целосните изнесени невистини за Панче Тошковски да одговори дали ја праша Рускоска: Зошто обвинителство молчи за криминалот на Зоран Заев?, Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал 1ТВ и дали знаел за рекетот со старечки домови на Бојан Јовановски, зошто Рускоска ја сопре истрагата за поткуп на гласачи во Струмица со што на Заев му подари уште една амнестија, зошто Рускоска се уште молчи и не покренува истрага за диктирањето на Заев на пресуди и одлуки на Врховниот суд?“, прашуваат од партијата.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ произлезе како реакција на изјавата дадена од портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, кој во јавноста го обвини лидерот на опозициската партија, Мицковски и неговите блиски соработници за заработка на голема сума на пари во периодот кога актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ раководел со ЕЛЕМ.

Костадинов во изјавата го обвини Христијан Мицковски и неговиот соработник Панче Тошковски дека заедно од фирмата земале близу 170,000 евра.

„Сега е јасна причината зошто толку гласно и Мицкоски и Тошкоски се противеа и на секој начин се обидуваа да го опструираат законот за ЈО. Но, уверени сме дека по донесувањето на законот за ЈО, правосудните органи, како и обвинителството се растеретени од било какви политички притисоци и се слободни да одлучуваат“, додаде Костадинов.

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски