ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК потврди дека СДСМ и Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Мицкоски

Од:

„Зоран Заев лажел и заедно со неговите мегафони ширеле лажни вести кога измислуваа судир на интереси при изградба на мали хидроцентрали во кои Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал удел во минатото.

ДКСК вчера со едногласна одлука потврди дека немало судир на интереси и дека концесиите за изградба се добиени уште пред Христијан Мицкоски да стане советник во владата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДКСК потврди дека СДСМ и Зоран Заев со месеци ја лажеа јавноста кога го клеветеа Христијан Мицкоски. Заев свесно лажеше и ја манипулираше јавноста во обид да го прикрие сопствениот криминал.

Зоран Заев е криминоген лик кој мисли дека сите се криминогени како него. Тој е единствен премиер во Европа неколкукратно аболициран за криминал.
За разлика од Заев, Мицкоски е чесен политичар, со принципи и вредности.

Тие две крајности ќе се соочат на 12 април, кога граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу криминогениот измамник Заев со политиката ,, евро за Вицето, евро за црквата ” и политиките за обнова на Македонија кои имаат за цел Македонија да ја стават на брза трака кон ЕУ и општ економски напредок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО