ВМРО-ДПМНЕ: Деспотот Заев го штити насилникот Дудуш

Од:

„Деспотот Заев го штити насилникот Курто Дудуш. Деспотизмот на Заев добива загрижувачки размери.

Седми ден нема разврска за случајот со насилникот градоначалник Курто Дудуш. Зоран Заев и Јавното обвинителство го штитат градоначалникот пулен Курто Дудуш за кој целата јавност слушна како малтретира и се изживува врз човек во неговата канцеларија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Седми ден, иако Јавното обвинителство има материјален доказ кој го слушна целата македонска јавност, не го вика Дудуш за да земе исказ од него, ниту пак од другото лице кое се слуша во аудио записот. Седми ден Јавното обвинителство наместо да го гони Дудуш за изживувањето истражува за тоа дали снимката е легална или не.

Да беше Македонија правна држава, и со неа да не управуваше оваа криминална влада, до сега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза.

Зоран Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност. Вчера на собраниска седница им се гасеа микрофони на пратеници кога сакаа јавно да зборуваат за случајот.

Срамно и недозволиво е власта да ја држи јавноста во мрак, а институциите во грч, само за Курто Дудуш да не оди во затвор.

Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека јавноста го следи случајот и дека нема да биде заборавен. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека одговорност ќе има како за Дудуш, така и за луѓето од власта кои го затскриваат случајот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ