ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска држи популистички говори, а од Буџетот за образование се скратени 1,8 милијарди денари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на министерката за образование Рената Дескоска.

„Крајно лицемерие е кога Дескоска зборува за образованието, демократијата и младите. Наводната загриженост и потребата од граѓански активизам се само димна завеса за кратењата во Буџетот за образование кои Дескоска ги премолче, а ги спроведе Зоран Заев.

Дескоска држи популистички говори, а во заднина од Буџетот за образование скрати 1.8 милијарди денари.

Дескоска глуми лажна грижа за студентите и развојот на демократијата помеѓу младите, а за изградба на факултети, кои треба да бидат местото каде се усовршува мислата на еден млад човек скрати цели 268 милиони денари.

Младите се излажани од СДС и тоа сега го гледаат. Младите се жртва на лагите на СДС, кои за само 6 месеци на власт покажаа како планираат да го водат секторот образование.

Дескоска и СДС се демаскираа себе си. СДС не е за подобрување на стандардот на младите, образованието и демократијата. СДС со своите постапки на кратење спроведени во образованието покажа дека е за угушување на слободната мисла и демократијата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито