ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот за градоначалник на Градот Скопје на претстојните локални избори.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани се, како што вели, на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Во коментар на неофицијални информации дека на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, а за која и тој се споменуваше, Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 28 мај утврди 25 кандидати за градоначалници кои ќе ја претставуваат партијата на претстојните локални избори закажани за октомври, а во средината јуни беа соопштени уште осуммина.

За нов мандат, од досега најавените, се предложени актуелните градоначалници на Битола – Тони Коњановски, Кавадарци – Митко Јанчев, Охрид – Кирил Пецаков, Велес – Марко Колев, Штип – Иван Јорданов и на Гевгелија – Андон Сарамандов. Во скопските општини со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Во првите 25 кандидати соопштени на крајот на мај се: Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце.

На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 13 јуни одржана во Штип, партијата определи уште осум кандидати за градоначалници во осум општини за локалните избори: Македонски Брод – Жарко Ристески, Могила – Драганчо Саботковски, Пробиштип – Тони Тоневски, Богданци – Марјан Пеев, Демир Капија – Наталија Димитриева, Росоман – Ѓорѓи Крстевски, Новаци – Стевче Стевановски и Дебарца – Златко Силјановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски