ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција: ВМРО-ДПМНЕ мора да остане народна партија, а не дувло на криминалци и злосторници

Од:

„Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претварање на УБК во привата сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи „со свој камен по своја глава“. Каменот кој дојде одблизу ја прикажа вистинската слика на алчните квази вмровци, на кои најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови.

Жалиме за последиците кои во блиска иднина ќе ги трпиме сите ние како чесни членови на партијата, но истовремено сме среќни што исплива на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квази патриотите монструми. И покрај фактот дека се работи за „нелуѓе“ заради доброто на државата, Фракцијата бара и очекува сите директни и индиректни учесници и соучесници во овој случај, да имаат фер судење и казните да бидат сразмено на стореното зло. Обидот под плаштот помирување да се даде амнестија на дел од учесниците во случувањата од 27 април во замена за гласање за уставните измени и промена на името, Фракцијата ќе го смета за ново злосторство и во иднина ќе поведе постапка за гонење на сите кои ќе учествуваат во истото.

По предавство и куквичкото бегство на почесниот претседател на партијата станува повеќе од јасно и неминовно во најкраток можен рок членството на партијата дефинитивно и целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови. Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата.

Господине Мицкоски не е грев да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб. Не е грев желбата и напорите ВМРО ДПМНЕ од дувло на криминалци, одродници и профитери (какво што беше последниве десетина години) повторно да стане сéнародна партија која сега во овој критичен момент повторно ќе ги обедини граѓаните. Во овие тешки и последни моменти за опстојување на државата и партијата и на се она што е македонско, потребно е храброст и одлучност.
Само кристално прочистено и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои газат по достоинството на македонскиот народ и кои се обидуваат да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“ се вели во соопштението на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев