А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција го повикаа Мицкоски до крај да расчисти со сите криминални структури во партијата

by А1он02/11/2018 - 08:27263
Share0

ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција со големо внимание ги следи случувањата во ДПМНЕ помеѓу довчерашните браќа по интерес и како нејзини членови сме згнасени од леснотијата со која и едните и другите и нанесуваат штета на историското ВМРО и на државата, се вели во соопштението на демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Деновиве стана мошне јасно дека случувањата кои ја преокупираа јавноста, се ефтина но добро смислена игра за доразнебитување на партијата преку активирање на инфилтраните структури и врбување на ситнодушни користољубиви членови, во пресрет на претседателските избори. Целта на удбашко криминалните структури со полни џепови, во спрега со Зоран Заев и дел од меѓународната заедница, е ВМРО ДПМНЕ на претстојните претседателски избори да доживее дебакл, се со цел да победи кандидатот на СДСМ кој потоа би го потпишал и објавил во Службен весник усвоените амандани за промена на Уставот на РМ, ратификацијата на Преспанскиот договор како и Законот за јазиците. Во меѓувреме со диригираните оставки на доцна морално освестените персони на високи партиски позиции, досегашни соучесници и соизвршители, целта е по поразот на тие избори, истите тие повторно да се вратат во високите партиски редови и повторно заради лични цели и интереси да бидат послушници и измеќари на дел од фамилијата, а дел од нив да се спасат од долги години поминати во затвор“ велат тие.

Тие го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се освести и да ја надмине сопствената суета, бидејќи во спротивно неговото претседателствување ќе траело најдолго до завршувањето на претседателските избори.

„Затоа Демократската фракција за последен пат ти порачува, докрај и без никакви калкулации да расчистиш со сите криминални структури во партијата и партиските мешетари. Да ги ослободиш од партиски функции сите оние за кои се водат обвиненија, или предистражни или истражни постапки до завршување на истите и да им се извиниш на граѓаните за сторените зла во име на партијата. Нема потреба да се плашиш од закажување на вонреден конгрес на кој ќе присуствуваат демократско избрани делегати. На овој итен конгрес целта е со промена на Статутот да се демократизира партијата, да се зајакне евроатланската ориентација, како и да се зајакне партиското водство преку нов времен тимски пристап. Само силно и сплотено ВМРО ДПМНЕ може да ги победи мрачните сили кои за спас на сопствената кожа и други интереси се обидуваат да ја урнисаат партијата и достоинството на македонскиот народ и да им овозможат на СДСМ и на дел од меѓународната заедница да создадат држава на северно македонци со историја, традиција и култура од 1945 година“ се вели во соопштението на демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

demokratska frakcija na vmro-dpmnevmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 09:54

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 12:37

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто