А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта и е поважен криминалот од проектите

by А1он18/05/2019 - 11:03139
Share0

„Министерката за труд и социјала призна милионски скандал со ПИОМ, одговорност немаше од никого.

Добивај вести на вибер

Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше.

Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше.

Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше. Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше.

Пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, одговорност нема. Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии.
Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема.

Сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.

Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта и е поважен криминалот, отколку проектите.

Две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта.

Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема. Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто