ВМРО-ДПМНЕ: Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер

Од:

„Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер – на само 30 години 4 милиони на сметка и стан. Дарко Каевски има само 30 години, а во банка има 4 милиони и стан од 60тина квадрати на свое име“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Каевски за разлика од неговите врсници кои едвај преживуваат имал среќа да биде функционер од СДСМ, пратеник и директор на АМС. Но и тоа не го оправдува неговиот имот, зошто така ако не трошел ниту денар од своите примања 6 години можел да го купи само станот, но не и 4те милиони на сметка.

Каевски нема оправдување за својот имот. Исто како што немаат оправдување ниту Зоран Заев, ниту Димитар Ковачевски.

ДКСК да отвори случај и да утврди како Каевски на само 30 години се стекнал со 4 милиони на сметка и стан, и дали за тоа ја злоупотребил функцијата?!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ