ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски е втор мандат во Куманово, а ништо не сработи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го коментираше „работното лето“ на СДСМ кое викендов продолѓува во Куманово.

„Кога ќе отидат во Куманово, за момент нека ги напуштат своите удобни и климатизирани автомобили и нека ги посетат обичните граѓани, кумановчани кои во 21 век имаат проблеми со вода за пиење.

Кога Бранко Црвенковски ќе дојде во Куманово, го советуваме да ги посети над 15те илјади оптуштени од фабриките кој тој ги упропасти, невработените од Искра”, ЧИК, ЗИК Куманово, “Киро Фетак”, Кен Куманово, Кожара Куманово, Биброк Куманово, Текстил Промет, 1 мај од Куманово, Југ Турист од Куманово, Жито Мел Куманово. Црвенковски ним да им објасни зошто им го упропасти животот и ја одзема иднината на нивните деца“, рече Мирослав Стојановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Тој кажа дека Црвенковски требало да оди во кумановските населби „Средорек“, „Бавчи“ и “Водовод”, и да им објасни зошто при секое невреме нивните домови се поплавуваат и зошто градоначалникот на СДСМ не го решава овој проблем, веќе втор мандат.

„Раководството на СДСМ нека им објасни на кумановчани како нивниот кадар Зоран Дамјановски успеа скоро сите општински претпријатија да ги претвори во загубари и кумановчани дополнително да ги задолжи!

Раководството на СДСМ и Бранко Црвенковски кога ќе дојдат во Куманово да им објаснат на кумановчани зошто право на работа во Куманово имаат само членовите на СДСМ? По кој критериуми кумашинот на Зоран Дамјановски е директор на општинско претпријатие, синот на поранешиот градоначалник на Куманово е вработен во општината, по кој критериуми директор на ЈП Куманово паркинг, си го вработи сопствениот син во општината, а децата на советниците на СДСМ се вработуваат во останатите општински претпријатија?

На крајот, СДСМ нека им објасни на кумановчани зошто Зоран Дамјановски е градоначалник веќе втор мандат, а ништо корисно не сработи за Куманово“, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери