ВМРО-ДПМНЕ: Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?!

Од:

„Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР? Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.

Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.

Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.

Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ