ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

Од:

Додека други ги обвинуваат за српски свет, странски влијанија, туѓи интереси, токму луѓе на СДС се фатени живи како соработници на српската служба БИА и градоначалници на СДС на големо прават концерти со пејачи на Александар Вучиќ, се наведува во соопштението од СДСМ.

Таков е примерот на Виктор Петрушевски кој е поранешен советник на Зоран Заев, човек кој бил дел од најголемите партиски структури и тела на СДС кој е вклучен во последната шпионска афера ако соработник на српската служба.

Од друга страна, зборуваат дека во државата продира српскиот свет, за што велат дека им смета, а паралелно малкуте градоначалници на СДС, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица прават концерти и народни собири со Лепа Брена и Ацо Пејовиќ.

За хипокризијата и лицемерието да бидат поголеми, пратеникот на СДС и поранешен министер, вицепремиер за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски Путерот заедно со градоначалникот на Крива Паланка во првите редови на градскиот плоштад ќе се забавуваат токму со Брена која и пееше на војската на Младиќ.

Па оттука го поставуваме многу логичното прашање, дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони на службите?

И, имајќи предвид како малкуте избрани градоначалници, на СДС во однос на концертите и журките кои ги прават исклучиво само со српски пејачи, односно пејачите на Вучиќ, прашуваме дали преку Венко Филипче, СДС и нивните функционери во државата продира таканаречениот српски свет?

Одговори треба да даде конфузната СДС и Венко Филипче, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ