ВМРО-ДПМНЕ: Дали намалувањето на казната на Мијалков е дел од договорот со Заев?

Од:

„Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна на Мијалков да се сокрие два дена.

Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана.

Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата?“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор?

Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија?

Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?

Вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?

Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна.

Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски