ВМРО-ДПМНЕ: Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува?

Од:

„Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува? Дали МВР една година избегнува да го приведе за отслужување на казна затвор лицето кое среде бел ден пукаше во Чаир?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали истото лице е ослободено по асистенција на Ариф Асани, заменик директор во БЈБ, и дали тој е човекот кој оневозможува негово апсење? Со што ги задолжил пукачот од Чаир ДУИ и СДСМ, па вториот човек во БЈБ да мора да го крие и интервенира тој да биде пуштен на слобода?

Дали Ариф Асани и функционерите во МВР, наместо да ги ставаат зад решетки, работат за криминалците? МВР со Спасовски и Ковачевски е заштитник на мафијата.

МВР на Спасовски и Ковачевски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Нарушената безбедност и несигурноста која ја има во општеството и државата заради криминалната влада која штити криминалци е уште една причина за да има предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ