ВМРО-ДПМНЕ: Дали градоначалникот Ногачески ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца?

Од:

„Деновиве сме сведоци на средба помеѓу премиерот Заев и Градоначалниците на општините во однос на решавањето на проблемот со депонирањето на отпадот, на која средба премиерот им порача да бидат одлучни и да ги прифатат предложените локации за изградба на регионални депонии. Поради тоа го прашуваме Ногачески дали ја прифатил посочената локација за изградба на депонија во Дебрца, како што пред извесен период пишуваше еден локален интернет портал кој тврдеше дека Ногачески со уште еден бизнисмен од Дебрца за голема сума пари ја прифатиле посочената локација во Годивје.

Полека почнува да станува јасно зошто Ногачески и тогашната советничка листа на СДС на чело со бизнисменот од Дебрца, беа категорично против одржувањето на референдумот покренат од поранешниот Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Дебрца Игор Трајкоски кој успешно го спроведе и на кој граѓаните одлучија дека се против изградбата на оваа депонија.

Би сакале да го запрашаме Ногачески зошто не ја почитува волјата на народот и да му стави до знаење на премиерот дека народот е против депонија или можеби неговата лична цел е постигната со манипулација, ветувајќи едно, спороведувајќи друго, станувајќи градоначаник, а сега тивко молчи и сака дебело да се нафатира на грбот на жителите на општина Дебрца.

Познавајќи го каква личност е кога си ја продаде матичната партија, така не ќе му биде проблем да ги продаде и жителите на Дебрца“ се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми