ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче има повластен третман само затоа што е функционер и претседател на СДС?

Од:

ЈО е селективно во однос на постапките за „аудито“ од 130.000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски. Сопственикот на Зобек Мининг фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите самиот потврдува дека тој го зема џипот на лизинг и подоцна му го дава на Филипче, а и денес е во негова сопственост. Сомнежи постојат бидејќи фирмата Зобек Мининг добивала државни тендери од ЕСМ за набавка за јаглен во милионски износи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Идентичен е случајот со Пеце Мирчевски директор на СОЗР во време на СДС за кого ЈО отвори постапка и го гони, бидејќи фирма добитник на државни тендери му дала две возила. Идентичен случај различен третман од ЈО. Со што ги уценува Филипче што ЈО не постапува? Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, за Филипче нема постапка.

Jавноста со право сака да знае зошто нема брз, навремен и ефикасен институционален одговор. Дали Филипче има повластен третман само затоа што е функционер и претседател на СДС? Јавноста очекува преземање чекори и активност како и поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата и случаи на кривични дела сторени од високи функционери. ЈО да не ги става работите „под тепих“ особено бидејќи е потребно целосно чистење на криминалот и корупцијата, бидејќи недовербата што постои во судските органи не дозволува половични решенија. Граѓаните очекуваат правда и владеење на правото. ЈО да отвори постапка за Венко Филипче, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази