ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП?

Од:

Тендерот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, потпишан од директорот на тоа претпријатие кадар на СДС Александар Стојковски е без вообичаениот рабат, односно попуст од 6 денари по литар, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Попуст за набавка на нафта во ЈСП секогаш во минатото имало, дури и во времето на Шилегов, но не и со Арсовска. Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Со попуст од 6 денари, тоа се 1.400.000 евра заштеда. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта. 1.400.000 евра се сосема повеќе од доволни за да го решат проблемот со превозниците. Но очигледно поважно е овие пари да завршат во нечиј џеб, отколку за скопјани.

Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта? Дали сите провизии на ЈСП и на Арсовска ги договара еден нејзин роднина и уште еден сметководител бизнисмен од Ѓорче Петров? Ковачевски и Арсовска на тајните средби кои ги имаат да го побараат овој попуст за ЈСП, и така да заштедат пари, наместо истите да одат кај луѓе од нивното опкру жување и сметководители со сомнителни дејанија. Скопје заслужува решение. Проблем има затоа што Ковачевски и Арсовска мислат на тендери, а не на скопјани“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ